Вести

Интервју на МФ Тевдовски за Топ Тема
29.09.2017

29 септември 2017, Скопје - За само три месеци направивме акционен план со кој се поставуваат контурите на јавните финансии, рамка за тоа што очекуваме да се направи следните четири години - министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за Топ тема, во кое говори за начинот на кој се водат политиките за управување со буџетот и јавниот долг

Министерот Тевдовски со обраќање на „Erste Investors’ Breakfast”
28.09.2017

28 септември 2017, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска учествуваше на конференцијата „Erste Investors’ Breakfast“, која се одржува петта година по ред во организација на Ерсте банка и Шпаркасе банка Македонија.

Министерството за финансии врати 491 милион денари по основ на претходно издадени државни обврзници
27.09.2017

27 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии, денеска по основ на доспеани петгодишни државни обврзници издадени во 2012 година, отплати вкупно 491 милион денари.

19.09.2017

19 септември 2017, Скопје - Денеска во Министерството за финансии е организирана јавна дебата за Програмата за реформи и за управување со јавни финансии 2018-2021 на која учествуваа преставници на меѓународните финансиски институции, невладините организации и експертската јавност. Во продолжение е воведниот говор на министерот за финансии Драган Тевдовски:

Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност
19.09.2017

19 септември, 2017 Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 19.9.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 4.694,34 милиони денари (76,33 милиони евра).

Јавна дискусија за Нацрт стратегијата за управување со јавните финансии
19.09.2017

19 септември 2017, Скопје - На јавна дискусија презентирана е Нацрт-стратегијата за управување со јавните финансии. На презентацијата беше отворена дискусија меѓу претставници на меѓународните заедници, експертската јавност, невладините организации и други засегнати страни, со цел да се слушнат нивните сугестии и мислења.

Се одржа завршниот состанок со Мисијата на ММФ во Р. Македонија
18.09.2017

18 септември 2017, Скопје - Во Министерството за финансии се одржа завршниот состанок со тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој престојуваше во земјата со цел спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија. На состанокот присуствуваше тим на Министерството за финансии, предводен од министерот Драган Тевдовски, како и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

 МФ Тевдовски се сретна со новиот германски амбасадор во Македонија Герберих
18.09.2017

18 септември, СкопјеМинистерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Германија во Македонија, Томас Норберт Герберих.

МФ Драган Тевдовски, ја информира јавноста за сработеното во првите 100 дена
17.09.2017

17 септември 2017, Скопје - Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во склоп на низата прес-конференции „Зборот е збор - 100 дена Влада на Р. Македонија“, ја информираше јавноста за сработеното во изминатите 100-тина дена од страна на Министерството за финансии. Во продолжение е неговиот говор.

Aгенцијата “Standard and Poor's” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед
16.09.2017

16 септември 2017, Скопје - Агенцијата Стандард и Пурс соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед. Потврдата на стабилниот изглед од страна на Стандард и Пурс за балансираните ризици помеѓу траекторијата на јавниот долг и и политичката неизвесност од една страна, и поволните економски перспективи на земјата од друга страна.

Pages