Вести

Транспарентно за неплатените обврски - обраќање на МФ Тевдовски
20.07.2017

Денеска ги објавуваме неплатените обврски на државните институции, со пресечен датум 31.05.2017.Прегледот на неплатените обврски што ќе го презентираме е изработен врз основа на податоци кои што буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставија до Министерството за финансии. Затоа Министерството за финансии не може да ја гарантира нивната веродостојност.

Транспарентно за раздолжувањето и задолжувањето на Министерството за финансии до 18.07.2017
18.07.2017

18 јули 2017, Скопје - На денешната аукција Министерството за финансии издаде државни хартии во вредност од 652 милиони денари или 10,6 милиони евра.

Би сакале да истакнеме дека сегашните камати за државни хартии од вредност се меѓу историски најниските и се движат oд 1,45% до 3,8% во зависност од рочноста. Тие се двојно пониски во однос на каматата на старите долгови кои се сервисираат. За споредба, каматата кон Дојче Банк изнесуваше 6,456%.

Обраќање на МФ Тевдовски за Ребаланс на Буџет 2017
17.07.2017

17 јули 2017, Скопје - Почитувани пратеници, најпрвин би сакал да Ве поздравам и да посакам убава енергија при работата на комисијава. Пред Вас е предлог за ребаланс на буџетот за 2017 година. На него Министерството за финансии напорно работеше од почетокот на јуни.

14.07.2017

Буџетот и завршната сметка за 2016 година се нешто посебно! Дали знаете зошто? Буџетот за 2016 беше креиран од еден министер за финансии, беше спроведуван и прекројуван од неговиот наследник од истата влада, а отчет за него давам јас како министер за финансии на новата влада.

Нови податоци на веб страната на МФ за поголема транспарентност и отчетност
14.07.2017

17 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии, во рамки на реформите за транспарентност и отчетност, објави нови податоци во кои јавноста претходно немаше увид. Станува збор за најнови податоци за извршување на буџетите на општините за првата половина од 2017 година.

До извештаите може да се пристапи на следниот линк Приходи и расходи на Единиците на локалната самоуправа 30.6.2017

 

Министерот за финансии Тевдовски на конференција на ММФ
11.07.2017

11 јули 2017, Дубровник - Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски учествува на конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува во Дубровник во периодот од 10 до 11 јули.

Владата го усвои ребалансот на Буџетот
07.07.2017

7 јули 2017, Скопје - Ребаланс на Буџетот за пораст на платите, за поддршка на домашните претпријатија, за нови работни места, за да останат младите во Македонија

Средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет
06.07.2017

6 јули 2017 Скопје - Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и заменик-министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска остварија средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Неговата екселенција г. Чарлс Гарет.

МФ: Нова веб страна за поголема транспарентност на јавните финансии
06.07.2017

6 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии направи промена на структурата на својата веб-страница.

Министерството за финансии го отплати долгот кон Дојче банка во висина од 77,3 милиони евра
05.07.2017

5 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии денеска во целост го отплати заемот кон Дојче банк од 2012 година во висина од 77,3 милиони евра. Заемот беше со каматна стапка од 6,456% и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и рефинансирање на обврските кои достасуваат по основ на редовна отплата на државниот долг.

Pages