Најави за настани

Тркалезна маса „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“ во рамки на ФИНЕКСПО 2014
02.12.2014

Почитувани,

 

Заменик претседателот на Владата  и министер за финансии, Зоран Ставрески, денес, 2.12.2014, ќе присуствува на Тркалезната маса „Актуелни состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија“ во рамки на ФИНЕКСПО 2014.

 

Место: Скопски саем, Дипломатик сала

време: 11:00

Официјално потпишување на договорите за грантови од ЕУ за рурална инфраструктура и за ИПАРД
01.12.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, заменик претседателот на Владата за европски прашања Фатмир Бесими, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, и претставникот на Светска банка Рејмонд Бордо денеска, 1 декември 2014 година, ќе ги потпишат договорите за грантови од ЕУ за рурална инфраструктура и за ИПАРД.

 

Настанот е со почеток во 10:30 часот, во Министерството за финансии

Работна посета на Прилеп
28.11.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска, 28 ноември 2014 година, ќе ја посетат локацијата каде што се во тек градежни активности околу реализацијата на проектот „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп“.

 

Потпишување на договор за финансирање на изградба на водовод во Шуто Оризари
21.11.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денеска со Град Скопје и Општина Шуто Оризари ќе го потпише договорот за финансирање на Изградба на водовод во општина Шуто Оризари преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

 Настанот ќе се одржи во Министерството за финансии (нова зграда) во 12:30 часот.

Завршна прес-конференција на Мисијата на ММФ
10.11.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Ивана Владкова Холар и гуверенерот на Народната банка на РМ Димитар Богов денеска, 10 ноември 2014 година ќе одржат заедничка прес-конференција.

Настанот ќе се одржи во Министерството за финансии во 14 часот.

Посета на Центар за социјални работи во Велес
01.11.2014

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денес, 1.11.2014, заедно со министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ќе ги враќат првите решенија за отпис на долгови.

време: 12:30

место: Центар за социјални работи во Велес

Прес-конференција по повод објавениот извештај Дуинг бизнис на Светска банка
30.10.2014

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, денес, 31.10.2014, ќе одржи прескоференција по повод објавениот извештај Дуинг бизнис на Светска банка.

Настанот е со почеток во 11:30 часот во прес салата на Министерство за финансии.

Посета на Центар за социјални работи - Центар
07.10.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денес, 07 октомври 2014 година, ќе го посети Центарот за социјална работа - Центар.

Настанот е со почеток во 11:30 часот.

 

 

Работна посета на Велес
06.10.2014

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе престојува во работна посета на Велес при што ќе присуствува на свечено означување на завршување на проектот „Изградба на водовод езеро Младост“.

Време: 12:00

Место: Препумпна станица за водоводен систем на патот кон езеро Младост

Прес-конференција за Еднократен отпис на долговите
03.09.2014

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески денес 3 септември ќе одржи прес-конференција на тема „Еднократен отпис на долговите“

Настанот е со почеток во 12 часот, во Министерството за финансии.

Pages