Најави за настани

Завршна конференција за Твининг за усогласување на регулативата со ЕУ во областа на осигурувањето
16.11.2017

16 ноември 2017, Скопје - На 17 ноември 2017 ќе се одржи конференција по повод завршувањето на Твининг проектот за хармонизација со законската регулатива на ЕУ во областа на осигурувањето. Конференцијата е со почеток во 10 часот во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“.

Дебата во МФ со граѓански организации и стопанственици на тема Буџет
01.11.2017

Утре во Министерството за финансии ќе се одржи дебата со граѓанските организации на која ќе се презентираат контурите на Предлог буџетот за 2018 година и ќе се побара нивното мислење и видување за нацрт верзијата.

Завршна конференција „Зајакнување на среднорочно буџетирање“
01.11.2017

Денеска ќе се одржи завршна конференција на тема “Зајакнување на среднорочно буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“ по повод завршување на твининг проектот финансиран од ЕУ. Конференцијата е со почеток во 10 часот во хотел Континентал.

Агенда на конференцијата

Јавен настан за Програмата за управување со јавните финансии
18.09.2017

18 септември 2017, Скопје - Утре (19 септември) во Министерството за финансии ќе се одржи јавен настан за презентација на Програмата за управување со јавните финансии и отпочнување на процесот за јавни дискусии и консултации со засегнатите страни.

Агенда на настанот:

10:45 часот Изјави за медиумите

11:00 часот Презентација и отворена дискусија за Програмата

Прес-конференција во МФ за резултати од Анализа за доходовна нееднаквост
25.08.2017

25 август 2017, Скопје - Тимот на Министерството за финансии за првпат во Република Македонија објавува анализа за распределба на доходот. Резултатите од истата денеска на прес-конференција ќе ги соопштат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и советникот Бранимир Јовановиќ.

Министерот Тевдовски на доделување грантови преку ИПА за рурален развој
22.06.2017

Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски денеска ќе присуствува на потпишувањето договори за грант во рамки на програмата ИПА за рурален развој со општините Сопиште и Чешиново-Облешево.

Настанот ќе се одржи во 11.30 часот во ЕУ - инфо центар.

Иницијален состанок за ПЕР
09.06.2017

Во организација на Министерството за финансии, утре, 9.6.2017 година, ќе се одржи иницијален состанок за „Програмата за економски реформи“ на кој со поздравен говор ќе се обратат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, Вилем Ное, претставник на Директоратот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија и Маржена Кисиелевска, раководител на одделот за Југоисточна Европа во ОЕЦД.
Настанот започнува во 10:45 часот во хотел Холидеј ин.

Отворена средба со новинари
08.06.2017

Денеска, 8.6.2017 година, министерот за финансии д-р Драган Тевдовски ќе одржи отворена средба со новинари на која Ве покануваме да учествувате.
Настанот започнува во 12:30 часот, во прес салата на Министерството за финансии.

Свечено доделување на сертификати на јавни внатрешни ревизори
25.10.2016
Денеска во 14 часот во Министерството за финансии свечено ќе се доделат сертификати за јавни внатрешни ревизори.
Комисиска расправа за Предлог-буџет 2017
29.09.2016

Утре (30 септември) продолжува комисиската расправа во Собранието на РМ за Предлог буџетот за 2017. Комисијата за финансирање и буџет е закажана за 11 часот во собраниската сала „Борис Трајковски“.

Pages