![]()
УПРАВА ЗА ИМОТНО-ПРАВНИ РАБОТИ |
|
Управата за имотно-правни работи е орган во состав на Министерството за финансии. |
| СЕКТОР ЗА НОРМАТИВНО ИМОТНО-ПРАВНИ И ОБЛИГАЦИОНИ РАБОТИ |
|
Одделение за имотно-правните прашања со резиденти и нерезиденти и сопственички реципроцитет Одделение за евиденција и располагање на имот-средства на органите на државната власт Секторот за нормативно имотно-правни и облигациони работи ги уредува имотно-правните односи (изготвување и предлагање на законски прописи и подзаконски акти), кога една од страните е државата (експропријација, приватизација на градежно земјиште). Закон за користење и располагање со стварите што ги користат и располагаат државните органи (“Службен весник на РМ”, бр.8/2005). Воедно во секторот се изготвуваат и издаваат следниве налози:
Овластено лице за контакт е државниот службеник Бранко Ефремов со тел за контакт 3106-149. |
СЕКТОР ЗА УПРАВНА ПОСТАПКА |
Одделение за управна постапка Подрачни одделенија за управна постапка Секторот за управна постапка ги врши работите што се однесуваат на: координирањето на работите и задачите со подрачните одделенија за управна постапка од имотно-правните работи; врши надзор над примената на прописите во управна постапка; доставува насоки и упатства за еднаква примена на прописите во подрачните одделенија; ја следи работата на подрачните одделенија за спроведување на првостепената постапка. Подрачните одделенија за управна постапка ги вршат работите што се однесуваат на: водењето на првостепена управна постапка од областа на експропријација и приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. - Закон за експропријација (“Службен весник на РМ”,бр.33/95, 20/98, 40/99, 31/03, 46/05) Во рамките на секторот се формирани 34 одделенија за управна постапка и тоа во: Берово Битола Валандово Велес Виница Гевгелија Гостивар Дебар Делчево Демир Хисар Кавадарци Кичево Кочани Кратово Крива Паланка Крушево Куманово Македонски Брод Неготино Охрид Прилеп Пробиштип Радовиш Ресен Свети Николе Струга Струмица Тетово Штип Гази Баба – Скопје Карпош – Скопје Кисела Вода – Скопје Центар – Скопје Чаир – Скопје |
ПОСТАПКА ЗА ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА (Закон за експропријација -”Службен весник на РМ”, бр.33/95, 20/98, 40/99, 31/03, 46/05) 1) Органот за експропријација (Управата за имотно-правни работи) е орган кој носи решенија за експропријација врз основа на спроведена постапка во подрачните одделенија за управна постапка, по предлог на овластен предлагач, при што согласно Законот за експропријација има неутрална улога. Со предлогот за експропријација се поднесува: - извод од актот за планирање на просторот, односно актот што го заменува; - нумерички податоци за недвижноста за која се предлага експропријација изготвени според постапка и начин предвидени со прописите за геодетски работи; - понуда за видот и висината на надоместот за недвижноста за која се предлага експропријација; - доказ за сопственоста на недвижноста што се нуди како замена за експроприраната недвижност и - доказ за обезбедени средства за надомест на експроприраната недвижност (банкарска гаранција која ќе важи до целосна исплата на надоместот определен во управна или судска постапка). 2) Постапката за експропријација е строго законски определена управна постапка. 3) Таа е единствена двострана контрадикторна управна постапка (т.н. “присилен пропис” за одземање на сопственост), во која странките се рамноправни. 4) Тоа е постапка за која мора да се одржи јавна усна расправа и на која како учесници во постапката мора да се присутни сопственикот на недвижноста од една страна и неговиот противник-предлагачот на експропријација од друга страна. 5) Предлагачи на експропријацијата најчесто се јавниот правобранител или овластени лица на општините, фондовите и јавни претпријатија. Во постапката за експропријација странките се со спротивставени интереси. 6) Органот за експропријација нема законска можност да влијае на волјата на сопствениците (да ги натера) да го прифатат видот и висината на понудениот надомест од страна на предлагачот на експропријацијата. 7) Вршењето на притисок од страна на органот за експропријација на било кој учесник во постапката (сопственикот или предлагачот) за да постапува во одредена смисла е незаконско и претставува злоупотреба на службената положба и овластувања. 8) Исто така пред Управата за имотно-правни работи, по барање на странките се води и управна постапка за поништување на правосилно решение за експрпријација. - Правосилното решение за експропријација може да се поништи ако корисникот на експропријацијата и поранешниот сопственик заеднички го бараат тоа. - По барање на поранешниот сопственик на експроприраната недвижност ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно ако во рок од три години по правосилноста на решението за експропријација, корисникот на експропријацијата не изврши позначителни работи во врска со објектот односно работата за чија цел е експроприрана недвижноста имајќи ја предвид природата, големината и вредноста на објектот. 9) Барањето за поништување на правосилното решение за експропријација по тој основ се поднесува во рок од 10 години од денот на правосилноста на решението за експропријација кога недвижноста била одземена од фактичко владение од поранешниот сопственик, односно и по истекот на тој рок ако недвижноста не била одземена од фактичко владение од сопственикот. 10) Барање за поништување на решение за експропријација може да се поднесе од сопственикот на експроприраната недвижност или од субјектот за чии потреби е експроприрана недвижноста и во случај на пренамена на целта за која била извршена експропријацијата со измена на урбанистичкиот план. 11) Постапката за експропријација и постапката за поништување на решението за експропријација се спроведува во управна постапка, а тоа значи дека покрај примената на одредбите од Законот за експропријација, супсидијарно се применуваат и одредбите на Законот за општата управна постапка. |
ПОСТАПКА ПО ЗАКОНОТ ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА И ЗАКУП НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ (“Службен весник на РМ”,бр.4/05) Постапката за приватизација на градежно земјиште се покренува по барање на корисникот на градежното земјиште (барање за приватизација). Барањето за приватизација се поднесува до органот на државната управа надлежен за имотно-правните работи на подрачјето каде што се наоѓа градежното земјиште што е предмет на приватизација. Барањето треба да ги содржи: а) основата на правото што се бара: (приватизација без обврска за плаќање надомест, односно приватизација со обврска за плаќање надомест) и б) начин на плаќање на надомест. Кон барањето се приложуваат: - доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите за наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа за физички лица), односно извод од соодветниот регистар за правни лица, - правната основа, односно актот врз основа на кој е стекнато правото на користење на градежното земјиште на кое се однесува барањето за приватизација (закон, тапија, пресуда, договор, решение, одлука на надлежен државен орган и друго), - податоци за градежното земјиште од соодветната јавна книга и тоа: имотен лист од катастарот на недвижностите или поседовен лист од катастарот на земјиштето, - копија од катастарски план, - извод од урбанистички план и - писмена изјава за непосредно фактичко владение на градежното земјиште. Барањето за приватизација и приложите се доставуваат во два примерока, а обрасци се издаваат во одделението за управна постапка каде што се поднесува барањето. Во зависност од основот по кој е стекнато правото на користење корисниците можат да ги поднесат следните барања: 1. Барањеза приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато со надомест(образец бр.1) 2.Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато без платен надомест(образец бр.2) 3.Барањеза приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на физички лица стекнато по основ на поранешна сопственост(образец бр.3) 4.Барањеза приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато со надомест(образец бр.4) 5. Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост на кое постои право на користење на правни лица стекнато без платен надомест(образец бр.5) |
Приватизација на градежно земјиште Образец 1 Образец 2 Образец 3 Образец 4 Образец 5 ПОСТАПКА ЗА ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА(“Службен весник на РМ”бр. 20/98, 31/2000, 42/2003 и 44/2007)
1. Со овој закон се определуваат условите и постапката за враќање на имотот и видот, условите и постапката за давање надомест за имот одземен во корист на државата ( во натамошниот текст: денационализација). 2. Се враќа имот односно се дава надомест за имот на физички лица и на верски храмови, манастири и вакафи одземени од 2 август 1944 година: 1) врз основа на прописите со кои е вршено општо одземање и ограничување на сопственоста; 2) врз основа на прописите за одземање на имот заради остварување на општокорисни цели, како и имот експроприран заради остварување на општо-корисни цели, односно општ интерес, ако не се исполнети условите за враќање на имотот според одредбите за експропријација и 3) без правна основа (член 2 од Законот). 3. Право да поднесе барање за денационализација има поранешниот сопственик, односно лицата кои се негови наследници, според прописите за наследување (барател). Барател во смисла на став 1 на овој член е лице кое на денот на влегувањето во сила на овој закон е државјанин на Република Македонија (член 13 од Законот). 4. Барателите од член 13 на овој закон имаат право да поднесат барање за прогласување на наследници на правото за денационализација на имотот одземен од нивните претходници кои според одредбите на овој закон се враќа или за кој се дава надомест. Кон барањето од став 1 на овој член се приложува актот за одземање на имотот од поранешниот сопственик како и извод од матичната книга на умрените за поранешниот сопственик, односно правосилно решение за прогласување на наследници ако такво решение било донесено порано, кои се доставуваат во оригинал или во службено заверен препис. Прогласувањето на наследниците и утврдувањето на нивните наследнички делови на правото за денационализација, како и на другите права и обврски кои за барателите на денационализација произлегуваат од одредбите на овој закон, се врши според прописите за наследувањето. Прогласувањето на наследниците се врши врз основа на актот за одземање од став 2 на овој член. При донесувањето на решението за прогласување на наследници сообразно се применува одредбата од член 54 став 1 точки 1) до 3) и 6) до 8) на овој закон, а постапката за прогласување на наследниците се спроведува според прописите на вонпарничната постапка. Судот е должен решение по барање за прогласување на наследници согласно со став 1 од овој член да донесе во рок од два месеца по приемот на барањето, освен кога повикувањето на наследниците се врши со оглас и кога наследничките изјави треба да ги дадат пред друг суд или во странство. Правосилното решение за прогласување на наследници се приложува кон доказите и во форма предвидени во член 49 ставови 3 и 4 на овој закон. 5. Барањето од членот 47 на овој закон се поднесува на образец што го пропишува министерот за финансии. Образецот од ставот 1 на овој член особено треба да содржи податоци за имотот за кој се бара враќање, замена, односно плаќање на надомест, правна основа за одземањето, како и за видот и начинот на враќањето. Кон барањето од ставот 1 на овој член се поднесува: 1) актот за одземање на имотот; 2) доказ за државјанство на Република Македонија стекнато до денот на влегувањето во сила на овој закон и 3) доказ за сопственост на имотот ако од актот за одземање на имотот не може да се идентификува одземениот имот, односно неговиот сопственик и тоа: - за недвижности - правото на сопственост се докажува со тапија, договор, пресуда и решение и - за движни предмети - писмени докази (договори за прибавување фактури и пресуди). 6. Барањата за денационализација се остваруваат само во управна постапка. Барањата за денационализација во управна постапка можат да се поднесат до 31.12.2007 година. По истекот на рокот од пет години од денот на влегувањето во сила на Законот за денационализација, може да се бара давање на надомест, а враќање на имот само ако нема правни и фактички пречки. По истекот на рокот од ставот 2 на овој член, правото да се поднесе барање за денационализација престанува (член 49 од Законот). 1/.Според член 15 од Законот за денационализација, по барање за денационализација одлучува министерот за финансии. 7. По барање за денационализација одлучува министерот за финансии. Министерот за финансии може да формира една или повеќе комисии за одлучување по барањата за денационализација, кои имаат право и обврска да одлучуваат по барањата за денационализација, а во кои партиципира најмалку по еден вработен од Управата за имотно-правни работи. Работата на комисиите за одлучување по барањата за денационализација, ја координира Комисијата за координација на работата на комисиите кои одлучуваат по барањата за денационализација, при Министерството за финансии. 9. Согласно член 59 од Законот за денационализација, против решението на органот за денационализација може да се изјави жалба до Владата на Република Македонија-Комисија за решавање во управна постапка во втор степен од областа на денационализацијата. 10. Против решението на Владата на Република Македонија може да се поведе управен спор, пред Врховниот суд на Република Македонија. За сите поднесоци од надлежност на Управата за имотно-правни работи, се плаќа административна такса од 250,00 денари, согласно Законот за административни такси. Во однос на претставки, поплаки од страна на граѓаните и правните лица потребно е обраќање до директорот на Управата за имотно-правни работи на следнава адреса: zoja.andreeva-trajkovska@finance.gov.mk |
| ЗАКОН за изменување и дополнување на Законот за денационализација (“Службен весник на РМ”,бр.44/2007) |
| Барање за денационализација |