Најави на настани

Најави за јавни настани

ЈАВЕН НАСТАН – КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2018 – 2020 ГОДИНА

На 5 Декември 2017 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Министерството за финансии ќе се одржат консултации со јавноста за нацрт Програмата за економски реформи 2018 – 2020 година. Повеќе за настанот на http://www.finance.gov.mk/mk/node/6843

PUBLIC CONSULTATION MEETING FOR THE DRAFT ECONOMIC REFORM PROGRAMME 2018 - 2020

A Public consultation for the draft Economic Reform Programme 2018 – 2020 will be held on 5 Dec. 2017 in the premises of Ministry of Finance, beginning at 12:00. More about the event on http://www.finance.gov.mk/en/node/6844

Јавен настан за поддршка на ЕУ за подобрување на услугите кон даночните обврзници

28 ноември 2017, Скопје - Министерот за финании Драган Тевдовски денеска во 11 часот ќе присуствува на јавниот настан за промоција на помошта на ЕУ за Управата за јавни приходи заедно со Н.Е.Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Настанот ќе се одржи во УЈП Регионалната дирекција.

 

Завршна конференција за Твининг за усогласување на регулативата со ЕУ во областа на осигурувањето

16 ноември 2017, Скопје - На 17 ноември 2017 ќе се одржи конференција по повод завршувањето на Твининг проектот за хармонизација со законската регулатива на ЕУ во областа на осигурувањето. Конференцијата е со почеток во 10 часот во хотел „ТЦЦ Гранд Плаза“.

Дебата во МФ со граѓански организации и стопанственици на тема Буџет

Утре во Министерството за финансии ќе се одржи дебата со граѓанските организации на која ќе се презентираат контурите на Предлог буџетот за 2018 година и ќе се побара нивното мислење и видување за нацрт верзијата.

Завршна конференција „Зајакнување на среднорочно буџетирање“

Денеска ќе се одржи завршна конференција на тема “Зајакнување на среднорочно буџетирање за ефикасно управување со јавните финансии“ по повод завршување на твининг проектот финансиран од ЕУ. Конференцијата е со почеток во 10 часот во хотел Континентал.

Агенда на конференцијата

Јавен настан за Програмата за управување со јавните финансии

18 септември 2017, Скопје - Утре (19 септември) во Министерството за финансии ќе се одржи јавен настан за презентација на Програмата за управување со јавните финансии и отпочнување на процесот за јавни дискусии и консултации со засегнатите страни.

Агенда на настанот:

10:45 часот Изјави за медиумите

11:00 часот Презентација и отворена дискусија за Програмата

A press conference in the MF on the results of the Analysis on income inequality

25 август 2017, Скопје - Тимот на Министерството за финансии за првпат во Република Македонија објавува анализа за распределба на доходот. Резултатите од истата денеска на прес-конференција ќе ги соопштат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и советникот Бранимир Јовановиќ.

Прес-конференција во МФ за резултати од Анализа за доходовна нееднаквост

25 август 2017, Скопје - Тимот на Министерството за финансии за првпат во Република Македонија објавува анализа за распределба на доходот. Резултатите од истата денеска на прес-конференција ќе ги соопштат министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и советникот Бранимир Јовановиќ.

Министерот Тевдовски на доделување грантови преку ИПА за рурален развој

Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски денеска ќе присуствува на потпишувањето договори за грант во рамки на програмата ИПА за рурален развој со општините Сопиште и Чешиново-Облешево.

Настанот ќе се одржи во 11.30 часот во ЕУ - инфо центар.

Subscribe to RSS - Најави на настани