
Почитувани граѓани,
На овој линк ќе најдете преглед на каматните стапки на денарските и девизните
штедни влогови на физичките лица во комерцијалните банки во Република Македонија,
по валути и различна рочност. Податоците за каматните стапки се доставуваат
од комерцијалните банки до Министерството за финансии месечно ажурирани и истите
подлежат на промени, согласно деловната политика на банките. Целта на објавувањето
на пасивните каматни стапки на банките на едно место е поедноставување во одлуката
за депонирање на Вашите слободни парични средства во комерцијалните банки во
Република Македонија, а со тоа и стимулирање на штедењето.
Контакт телефони: 3 149 662, 3 136 273
e-mail: Natasa.Jovanoska@finance.gov.mk