Заменик министер

Д-р Ширет Елези

Датум на раѓање: 20-ти март 1981 година во Франкфурт, Германија

Д-р Ширет Елези е родена на 20 март 1981 година во Франкфурт, Германија. Пред да биде избрана за заменик-министер за финансии, Ширет Елези ја извршуваше функцијата министер за локална самоуправа (2016 – 2017 година). Нејзиното работно искуство започнува во општина Гостивар, како раководител на Одделение за финансиски прашања (2005 – 2016 година). Работела и како вонреден професор на Меѓународниот универзитет во Струга, а во 2012 година и како вонреден професор на Државниот универзитет во Тетово.

Средно образование завршила во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар (1996 - 2000 година), а дипломирала на Државниот универзитет во Тетово, Економски факултет (2000 – 2004 година). Постдипломските студии по економија ги завршила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2009 година, а докторирала на истиот универзитет 2011 година и се стекна со титулата доктор по економски науки.

Таа зборува албански, англиски, германски и чешки јазик.

Автор е на повеќе научни трудови објавени во научни списанија во областа на: јавни финансии, управување со локални финансии во Република Македонија, искуство и практика во буџетскиот процес во локалната самоуправа во Република Македонија, фискална децентрализација и планирање стабилни општински буџети, рамка за изедначување за општините во Република Македонија преку грантови, показатели на фискална децентрализација во југоисточна Европа, даноци на имот во земјите во транзиција, итн.

Таа е автор на книгата „Управување со локални финансии“.

Ширет Елези беше активно вклучена во иницијативата за решавање на политичката криза во областа на локалната самоуправа во Македонија (пролет 2017 година) со продолжување на мандатите на градоначалниците и општинските совети сè до новите локални избори, со цел да се одблокира работата на локалните власти и да се обезбеди правото на граѓаните на локална самоуправа, кое е загарантирано со Уставот, и да се овозможи испорака на локалните јавни услуги до граѓаните.

Има остварено многу средби со амбасадори на амбасади во Македонија од земјите-членки на ЕУ, шефови на делегации од земјите-членки на ЕУ, како и средби со претставници од Меѓународната група на жени за мир од јужна Кореја и други средби со функционери од централната и локалната власт на соседните земји, итн. Земала учество на меѓународни конференции организирани од страна на Светска банка, УНДП, УСАИД, НДИ, ОБСЕ, итн.