Сектор за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања

Секторот за второстепена управна постапка, управни спорови и наплата на побарувања ги врши работите што се однесуваат на изготвување и донесување решенија во второстепена управна постапка од областа на даноците, царините, акцизите, придонесите и таксите по жалби од правни и физички лица и од вршители на дејност; спроведување на управната постапка по повод вонредни правни средства; изготвување одговори на тужби до Управниот суд и жалби до Виш управен суд; комплетирање на предметите во врска со заведени управни спорови против решенија донесени во второстепена управна постапка; соработка со Државното правобранителство на Република Македонија; соработка при изготвување на предлози на закони и меѓународни договори од областа на даноците и царините како и во изготвувањето правилници, упатства и други подзаконски акти заради единствено постапување во даночна и царинска политика, следењето и реализацијата на странската помош која генерира Компензациони фондови во целина и по корисници, подготвување извештаи за работата на Компензационите фондови и Индикативни планови – повеќегодишни и едногодишни за ангажирање на средствата од Компензационите фондови; техничка и аналитичка обработка на податоците за состојбата со наплата на побарувањата, регулирање и следење на управувањето со средствата; учество во изготвувањето на предлозите за донесување законски прописи за управување со имотот, како и во подготовка на подзаконски акти и други прописи; вршење други работи во врска со второстепената управна постапка и наплатата на побарувања.

Клучни контакти:

Државен советник за управна и судска постапка и наплата на побарувања
.
телефон:
е-пошта:

Раководител на сектор
Даниела Атанасовска
телефон: 02 / 3255 435
е-пошта: daniela.atanasovska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
Елизабета Калачоска
телефон: 02 / 3255 436
е-пошта: elizabeta.kalacovska@finance.gov.mk

Помошник раководител на сектор
.
телефон:
е-пошта: