Централна единица за хармонизација на системот на јавна внатрешна финансиска контрола

Добредојдовте во светот на PIFC

 

ЈВФК е концепт развиен од Европската комисија, за да им помогне на земјите кандидати да ги реформираат своите системи на внатрешни финансиски контроли. Концептот е базиран на меѓународните стандарди за внатрешна контрола и праксата на европските земји.

ЈВФК претствува нова култура на управување, односно премин од воспоставеното традиционално администрирање во активно управување.

Елементи на јавната внатрешна финансиска контрола се:

 

     1. Финансиското управување и контрола         

  • Контролната средина

  • Управувањето со ризиците

  • Контролите

  • Информациите и комуникациите и

  • Следењето и евалуацијата

   

    2 . Функционално независната внатрешна ревизија

  • оценката на финансиското управување и контрола

  • тестирањето и оценувањето на системот

  • давање совети и препораки за подобрување на работењето                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       

3. Централната единица за хармонизација  е организациона единица во рамките на Министерството за финансии која е надлежна за координација на јавната внатрешна финансиска контрола (ЈВФК) во јавниот сектор во Република Македонија

 

ЈВФК воведува систематски пристап за управување преку:

  • Стратешкото планирање
  • Програмското планирање
  • Управувањето со ризиците
  • Овластувањето и одговорноста за реализација на целите и управувањето со буџетските средства
  • Системот за евиденција и известување
  • Самооценувањето на финансиското управување и контрола (Изјава за квалитетот и состојбата на внатрешните контроли, Прашалник за самопроценка на финансиското управување и контрола) и
  • Внатрешната ревизија                                                                                                                                                                                                                                                                                                

     

Натамошниот развој на овој систем ќе продолжи и по пристапувањето на Република Македонија во Европската унија земајќи ги во предвид тековните случувања во буџетски систем, но исто така и праксата на земјите-членки на ЕУ.

Земјите членки на ЕУ го користат терминот "јавна внатрешна контрола" (анг. Public Internal Control - PIC) како упатување на системите на внатрешна контрола, кој во моментов се развиваат во рамки на јавниот сектор на земјите-членки на Европската унија. Иако дојде до терминолошки измени, концептот на ЈВФК и понатаму останува темелен, бидејќи регулаторната цел останува иста.

Законот за јавна внатрешна финансиска контрола го уредува системот на внатрешни контроли во јавниот сектор на Република Македонија кој е во функција на обезбедување на примена на начелото на стабилно, односно добро финансиско управување и создавање услови за зајакнување на раководната одговорност и внатрешната ревизија како дел на тој систем која е во функција на независно и објективно оценување на системот на внатрешните контроли и давање совети со цел подобрување на работењето на институциите.