Фискална децентрализација

Република Македонија подолг период спроведува реформи во локалната самоуправа. Фискалната децентрализација е еден од приоритетите кои произлегуваат од Пристапното партнерство на Република Македонија со ЕУ, и е тесно поврзана со меѓувладините трансфери поради што Владата се определи за внимателен и фазен пристап во нејзиното имплементирање.

Главниот принцип на фазниот пристап е постепено пренесување на надлежностите, во согласност со порастот  на капацитетот на локалните власти да ги преземат овие одговорности  со обезбедeн правичен и соодветен трансфер на средства. До крајот на 2011 година сите општини во Република Македонија преминаа во втората фаза од фискалната децентрализација, односно ги вршат работите на администрирање и финансирање на децентрализираните надлежности во културата, образованието, детската и социјалната заштита (освен Општина Пласница).

Владата на Република Македонија презеде  мерки и активности за зајакнување на капацитетите за развивање политики за финансирање и јакнење на капацитетите за финансиско управување на општините, што придонесе за значаен пораст на сопствените приходи. Во општините постојано се подобрува наплатата на сопствените приходи, особено на даноците на имот.