Исплатена петнаесеттата рата од обврзниците за старо девизно штедење

 

Министерството за финансии ги известува граѓаните дека на 01.04.2009 година достаса за исплата рата (петнаесетта главница и камата) од обврзниците за старо девизно штедење.

 

Преносот на средствата Министерството за финансии ги изврши на 01.04.2009 година, на банкарските сметки посочени од секој сопственик на овие обврзници.

 

Оние сопственици кои поседуваат обврзници за старо девизно штедење, а се уште немаат посочено банкарска сметка, потребно е да се обратат до една од деловните банки во Република Македонија и да ја пополнат потребната документација.

 

Во согласност со одредбите во Законот за начинот и постапката на исплатување на депонираните девизни влогови на граѓаните по кои гарант е Република Македонија ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 32/00), овие обврзници котираат на Македонската берза за хартии од вредност и со нив може да се тргува.

 

Тргувањето на Берзата се врши со посредство на брокерските куќи и банките -членки на Македонската берза.

 

Во согласност со истиот закон, пред рокот на достасување, Обврзниците за старо девизно штедење сопствениците може да ги користат за намени утврдени со Закон.

 

Истовремено, ве известуваме дека средствата добиени по основа на исплата на главницата и каматата од обврзниците за старо девизно штедење граѓаните може ги искористат и за купување на државни хартии од вредност кои во име Владата на Република Македонија редовно ги емитува Министерството за финансии на Република Македонија.