Средба со амбасадорот на Шведска

12 февруари 2018, Скопје - Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Шведска во Македонија, Матс Стефансон.

На средбата се говореше за реформите кои ги спроведува Министерството за финансии и за можностите за продлабочување на соработката со Шведска.