Поддршка од Министерството за финансии на Холандија во реформите преку пренесување искуства и знаења

1 февруари 2018 година, Скопје - Стручен тим од Министерството за финансии на Холандија од денеска е во работна посета на македонското Министерство за финансии, со што започнува засилена соработка помеѓу двете институции во контекст на поддршка и пренесување искуства за реформите што ќе се спроведуваат во даночната политика.

На средбата на тимовите на министерствата за финансии на Македонија и Холандија присуствуваа и министерот за финансии д-р Драган Тевдовски и заменик-министерката за финансии д-р Ширет Елези.

Минатата година во септември беше потпишан договор помеѓу министерот за финансии Тевдовски и министерот за финансии на Холандија Jероен Дајслблум за соработка на двете министерства. Договорот предвидува размена на знаења, искуства и информации за политиките што ги спроведуваат министерствата и интензивирање на соработката помеѓу двете институции.