Трезор

Секторот трезор е задолжен да управува со Трезорската сметка и со други сметки на државата, а врши и други работи утврдени со закон, од кои позначајни се:

  • водење регистар на буџетските корисници;
  • отворање сметки во рамки на Трезорската сметка;
  • изготвување проекции за ликвидност на Трезорската сметка;
  • прием, обработка и евидентирање на барањата на корисниците за денарски и девизни плаќањa;
  • следење на наплатата на јавните приходи на Буџетот на Република Македонија и нивна распределба по корисници;
  • следење на наплатата на приходите на единиците на локалната самоуправа и нивна распределба по корисници согласно со утврдени критериуми;
  • водење на буџетско сметководство за приходите и расходите на основниот буџет;
  • евиденција на приходите и трошоците на Буџетот според утврдениот контен план;
  • одобрување на годишни, квартални и месечни финансиски планови на буџетските корисници;
  • изготвување на извештаи за наплатата на приходите и други приливи и реализација на расходите и другите одливи на Буџетот на Република Македонија.
     

Клучни контакти:

 

Помошник на раководителот на сектор
м-р Јулијана Петановска
телефон: 02/3255-559
е-пошта: julijana.petanovska@finance.gov.mk
Бари Исени
телефон: 02/3255 581
е-пошта: bari.iseni@finance.gov.mk
Билјана Миноска (Јаневска)
телефон: 02/3255-585
е-пошта: biljanas.janevska@finance.gov.mk