Кабинет

Кабинетот на министерот има за цел да извршува работи кои се непосредно поврзани со министерот, заменикот на министерот и државниот секретар.

При тоа, Кабинетот е задолжен за комуникација со јавноста за активностите на министерот и на Министерството за финансии, организирање средби и комуникација со средствата за јавно информирање, протоколарни работи, остварување комуникација со други органи и организации, разгледување и предлагање мерки по однос на иницијативи, предлози и претставки од граѓани, органи и организации.

Исто така, во рамки на Кабинетот се врши подготовка на седниците на Стручниот колегиум, подготовка и средување на материјалите за седниците на Владата и на Собранието на Република Македонија, потоа следење на извршувањето на заклучоците на Владата и на Собранието на Република Македонија, работи од областа на одбраната и класифицираните информации, како и други работи.

Раководител на одделение за работи непосредно поврзани со министерот, заменикот на министерот и државниот секретар
Ивана Кочоска
тел: 02 / 3255-608
е-пошта: ivana.bojovska@finance.gov.mk

Виш соработник за протоколарни работи
Кристина Јорданова
тел: 02 / 3255-606
е-пошта: kristina.jordanova@finance.gov.mk

Советник за работи од областа на одбраната и за класифицирани информации
Јасмина Петреска
тел: 02 / 3255-655
е-пошта: jasmina.petreska@finance.gov.mk

Помлад соработник за работи непосредно поврзани со заменик министер
Ќефсер Демири
тел: 02 / 3255-682
е-пошта:kefser.demiri@finance.gov.mk

Технички секретар на заменик министер
Елмедина Дургути
тел: 02 / 3255-649
е-пошта:elmedine.durguti@finance.gov.mk