МФ Тевдовски на настан по повод завршување на изградбата на пречистителната станица во Струмица

18 декември 2017, Струмица - Завршена е изградбата на пречистителната станица во Струмица, проект во вредност од 6,9 милиони евра, кој ќе обезбеди пречистување на отпадните води на реката Струмица. Министерството за финансии заедно со Министерството за транспорт и врски и Министерството за животна средина и просторно планирање во изминатите неколку години интензивно работеа да се подготви проектната документација.

Проектот е финансиран преку Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 година, и е дел од портфолиото на финансирани проекти во областа на заштита на животната средина и транспорт. Во рамки на оваа програма се реализираа 71 проект со вкупна вредност од 369 милиони евра, од кои 168 милиони евра се средства од ИПА, а остатокот од Буџетот на РМ.

На настанот по повод завршувањето на проектот присуствуваа претседателот на Владата на РМ Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање Дураки, како и амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар.

Во продолжение е говорот на министерот:

http://www.finance.gov.mk/mk/node/6919