Поедноставување на процедурите за плаќање ПДД

6 декември 2017, Скопје - Денеска се одржа завршна конференција на проектот финансиран од ЕУ, “Поедноставување на процедурите за пријавување и плаќање на персонален данок на доход за даночни обврзници – физички лица“.

 

 

 

Проектот како што нагласи министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе придонесе за поедноставување на постапката за физичките лица кои пријавуваат Персонален данок на доход и ќе ја подобри наплатата на персонален данок на доход.

Тој притоа посочи дека подготвени се измени на законската регулатива и подзаконските акти кои ќе воспостават правна рамка за спроведување на овие реформи.