Буџетските корисници задолжително ќе ги објавуваат финансиските извештаи на веб

4 декември 2017, Скопје - Од утре буџетските корисници задолжително ќе треба да ги објавуваат финансиските извештаи на своите веб страници. Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски. 
- Објавивме граѓански буџети, објавуваме извештаи кои претходно не беа достапни на јавноста, а и со закон воведовме обврска за задолжително објавување на финансиските извештаи на буџетските корисници на своите веб страници, истакна министерот на јавен настан кој се одржа денеска.
Според Законот за изменување и дополнување на Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници, завршните сметки истите се должни да ги објават на своите веб страници во рок од 15 дена од денот на доставување на завршните сметки до регистарот на годишните сметки при Централниот регистар.