ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО МФ

Република Македонија

Министерство за финансии

 

Министерството за финансии, врз основа на Програмата за волонтирање објавува:

                                                             ЈАВЕН ПОВИК

за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за финансии

           

Се повикуваат сите заинтересирани студенти запишани на прв или втор циклус на економски или правни студии или дипломирани студенти по економски или правни студии да се пријават за волонтерска работа во Министерството за финансии и тоа:

Студенти запишани на прв или втор циклус економски или правни студии или дипломирани студенти по економски или правни студии – 12 волонтери.

Волонтерската работа ќе се извршува сметано од 01.12.2017 година до 01.04.2018 година.

Заинтересираните кандидати може да аплицираат на следните е-маил адреси: aleksandra.lulkoska@finance.gov.mk или lilijana.janevska@finance.gov.mk или лично во писарницата на Министерството за финансии на ул. „Даме Груев“ бр.12, со назнака „Јавен повик за волонтирање во Министерството за финансии“ со поднесување на следните документи:

- мотивационо писмо;

- кратка биографија (CV) податоци за контакт  (задолжително телефонски број, е-маил адреса и адреса на живеење);

- доказ за утврдување на статусот студент на економски или правни студии.

Рокот за доставување на документите e до 28.11.2017 година до 12:00 часот.

По истекот на рокот за аплицирање со сите кандидати кои уредно аплицирале, ќе биде спроведено интервју. По завршување на постапката за селекција и рангирање, најуспешните кандидати ќе бидат повикани да започнат со вршење на волонтерска работа.

Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Министерството за финансии www.finance.gov.mk, од каде можат да добијат информации за надлежностите, проектите и делокругот на работа на Министерството за финансии.