Намалување на јавниот и на државниот долг во третото тримесечје годинава

31 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за третото тримесечје годинава, каде што се забележува намалување во однос на претходното тримесечје.

Заклучно 30.9.2017 година, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8% од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 9,6 милиони евра, односно за 0,1 процентен поен.

Јавниот долг на Република Македонија, кој ги вклучува државниот и гарантираниот долг, за третото тримесечје годинава изнесува 4,69 милијарди евра, што претставува 45,8% од БДП, или споредено со претходното тримесечје претставува намалување за 16,8 милиони евра во апсолутен износ, односно за 0,2 процентни поени.

Намалувањето на јавниот и на државниот долг се должи на отплатата на обврските за надворешен стар долг во вкупен износ 101,9 милиони евра.