МФ: Еве на кои невладини организации се извршени исплати

27 октомври 2017, Скопје - На 26.10.2017 година извршена е исплата од страна на Агенцијата за млади и спорт согласно планираниот буџет кон спортски федерации и клубови, како и за учество на меѓународни натпревари од околу 26,4  милиони денари.

За оваа цел најголем дел од средствата согласно закон се обезбедуваат од приредување на посебните игри на среќа и истите се користат за финансирање на спортот, за спортските федерации и клубови.

На ист начин се обезбедуваат и средствата кои Министерството за труд и социјална политика ги исплаќа на Црвениот Крст, кои исто така спаѓаат во ставката трансфери кон НВО и се редовни исплати. Во текот на вчерашниот ден исплатени се 500 илјади денари за оваа намена.

Што се однесува на останатите средства - 525 илјади денари, станува збор за исплата која Агенцијата за заштита и спасување ја извршила кон Противпожарниот сојуз.

Целта на ова соопштение е да се појаснат информациите кои излегуваат во јавноста, а во кои се наведуваат како спорни исплатите кон НВО. Станува збор за редовни трансфери, во овој случај кон спортските федерации, Црвен Крст и кон Противпожарниот сојуз.