Заменик министерката Елези на Самитот 100

17 октомври 2017, Скопје - Заменик министерката за финансии д-р Ширет Елези денеска присуствуваше на премиерскиот панел на Самит 100, кој се одржува во Скопје.

На премиерскиот панел учествуваа премиерите на Албанија Еди Рама, на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ, на Црна Гора Душко Марковиќ и домаќинот - македонскиот премиер Зоран Заев.

На панелот беше дискутирано дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар.

Самитот 100 е најголемиот бизнис самит на овие простори. На него учествуваат повеќе од 100 еминентни бизнис лидери од Македонија и регионот и специјални гости од меѓународни финансиски институции. Самитот се одржува по шести пат, а Македонија е за првпат домаќин, што е од големо значење за промоција на нашата земја.

Темата на овогодинешното издание на САМИТ100 е „Поврзување“, и тоа во неколку клучни области, како инфраструктура, транспорт, енергетика, дигитализација, брендирање на регионот, овозможување слободно движење на стоките и услугите, но и поголем степен на мобилност на работната сила.