Македонија е домаќин на економскиот Поткомитет за стабилизација и асоцијација

17 октомври 2017, Скопје - Република Македонија е домаќин на Четиринаесетиот состанок на Поткомитетот за економски и финансиски прашања и статистика, кој се одржува денеска во Скопје.

Поткомитетот е тело на Комитетот за стабилизација и асоцијација и ја следи имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација и соработката меѓу Република Македонија и Европската унија.

На дневниот ред на Поткомитетот ќе бидат опфатени економските и монетарните случувања во Република Македонија, односите со меѓународните финансиски институции, преглед на состојбата на пазарот на труд, слободното движење на капиталот, Програма за економски реформи - ЕРП и финансиската соработка со ЕУ.

Со Поткомитетот претседаваат Уве Штам од Генералниот директорат за економски и финансиски прашања кој ја предводи Делегацијата на Европската Комисија, додека претставник од македонска страна е м-р Андрија Алексовски од Министерството за финансии.