Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

3 октомври 2017, Скопје - Министерството за финансии на денешната аукција издаде државни хартии од вредност во износ од 4.444,24 милиони денари (72,26 милиони евра).

Станува збор за 6-месечни државни записи со девизна клаузула во износ од 328,73 милиони денари со камата од 1,45%, 12-месечни државни записи без девизна калузула во износ од 1.262,40 милиони денари со камата од 1,85%, 2-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 809,17 милиони денари со камата од 2,00%, 3-годишни државни обврзници во износ од 922,70 милиони денари со камата од 2,35%, и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 1.121,24 милиони денари со камата од 3,80%.

На 2 октомври 2017 година, Министерството за финансии, по основ на претходно издадени државни хартии од вредност, отплати 911,50 милиони денари (14,82 милиони евра), додека на 4 октомври 2017 година ќе отплати 1.710,18 милиони денари (27,80 милиони евра). Сите доспевања Министерството за финансии ги објавува во Календарот на државни хартии од вредност.

Разликата од 1.822,56 милион денари (29,63 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.

Резултатите од денешната аукција можете да ги преземете на следните линкови:

6-месечни државни записи

12-месечни државни записи

2-годишни обврзници

3-годишни обврзници

15-годишни обврзници