Министерот Тевдовски со обраќање на „Erste Investors’ Breakfast“

28 септември 2017, Скопје - Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска учествуваше на конференцијата „Erste Investors’ Breakfast“, која се одржува петта година по ред во организација на Ерсте банка и Шпаркасе банка Македонија.

На конференцијата секоја година учествуваат аналитичари и експерти од оваа банкарска групација, како и од македонскиот финансиски сектор кои ги даваат своите видувања за движењето и развојот на финансиските пазари во Европа и во регионот.

Во своето обраќање, министерот за финансии истакна дека Министерството за финансии има четиригодишен план за реформи во јавните финансии. Планот вклучува подобрување на среднорочното буџетско планирање, фискални правила и фискален совет, транспарентност, унапредување на управувањето со системот на јавни набавки и подобра внатрешна и надворешна финансиска контрола.

- Стратешка определба на Министерството за финансии е развој на домашниот пазар на хартии од вредност преку привлекување странски инвеститори, кои би инвестирале во хартии од вредност издадени од Министерството за финансии на домашниот пазар и би го раздвижиле секундарното тргување. Притоа, учеството на странските инвеститори во сопственичката структура на портфолиото на државни хартии од вредност во последно време постепено расте, што претставува значителен чекор напред во развојот на домашниот пазар. Во таа насока, особено значајна е поддршката што Ерсте Груп и Шпаркасе банка Македонија му ја даваат на Министерството за финансии во промовирање на домашниот пазар на хартии од вредност во регионот и привлекување нови странски инвеститори - истакна Тевдовски.

Обраќањето на министерот може да го прочитате на следниот линк.