Министерството за финансии врати 491 милион денари по основ на претходно издадени државни обврзници

27 септември 2017, Скопје - Министерството за финансии, денеска по основ на доспеани петгодишни државни обврзници издадени во 2012 година, отплати вкупно 491 милион денари.

Со оглед на намалената фреквенција на аукции на државни хартии од вредност, во текот на оваа недела не беа издадени нови хартии од вредност, односно нето-долгот по основ на државни хартии од вредност е намален за 8 милиони евра.