Министерот за финансии Тевдовски се сретна со новиот германски амбасадор во Македонија, Герберих

18 септември, СкопјеМинистерот за финансии Драган Тевдовски денеска оствари средба со новиот амбасадор на Германија во Македонија, Томас Норберт Герберих.

На средбата беа истакнати пријателските односи помеѓу Германија и Македонија. Министерот Тевдовски го запозна амбасадорот со реформите што се спроведуваат во финансискиот систем, особено мерките што се преземаат за подобрување на транспарентноста и отвореноста кон јавноста.

Амбасадорот Герберих истакна дека ги поздравува реформите што ги спроведува Владата и дека Македонија ја има поддршката од Германија во евроатлантските интеграции.

Од двете страни беше истакнато дека во иднина ќе се залагаат за интензивирање на соработката на повеќе нивоа.