Aгенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед

16 септември 2017, Скопје - Агенцијата Стандард и Пурс соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ-, со стабилен изглед. Потврдата на стабилниот изглед од страна на Стандард и Пурс за балансираните ризици помеѓу траекторијата на јавниот долг и и политичката неизвесност од една страна, и поволните економски перспективи на земјата од друга страна.

Во извештајот, Стандард и Пурс наведува дека политичката криза е надмината со формирањето на владата, и дека се очекува континуитет на политиките, што би резултирало со подобрување на довербата и постепено интензивирање на економскиот раст.

Во извештајот, Стандард и Пурс  наведува дека политичката криза е надмината со формирањето на владата, и дека се очекува континуитет на политиките, што би резултирало со подобрување на довербата и постепено интензивирање на економскиот раст.

Економскиот раст за 2017 година е ревидиран на 1%, првенствено поради ефектите на политичката криза што резултираше со негативните движења на БДП во првата половина на годината. Ова е одраз на одлагањето на дел од јавните и приватните инвестиции. Сепак, се оценува дека овој пад е привремен, а се очекува повисок економски раст до крајот на годината, како и негово понатамошно интензивирање, со просечен раст на БДП од 3%  во периодот помеѓу 2018 и 2020 година, за што позитивен придонес ќе имаат  инвестициите, потрошувачката и нето-извозот. Понатаму, очекуваниот буџетски дефицит во 2017 година изнесува околу 3%, односно се оценува дека тој е во линија со дефицитот предвиден во ребалансот. Извештајот, исто така, ја нотира политиката на постојани буџетски дефицити во претходните години, но сепак оценува дека постои одреден простор за флексибилност на политиките, при очекуван просечен буџетски дефицит од 3% од БДП во наредните четири години. Иако буџетскиот дефицит ќе го зголеми притисокот врз долгот, во 2017 година се очекува тој да изнесува 46,5% од БДП (збир на државниот долг и долгот на Јавното претпријатие за државни патишта), односно, во глобален контекст, степенот на задолженост на Македонија е оценет како умерен.

Стандард и Пурс наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку реформите насочени кон економски раст базиран на повеќе извори резултираат со повисок раст на доходот, при повисока ефективност и отчетност на јавните институции и процесот на водење политики. Наспроти ова, до евентуално влошување на кредитниот рејтинг може да дојде доколку повторно се појават политички тензии, што би имало негативен ефект врз растот и врз странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање одржливоста на јавниот долг.