Програма за реформи за управување со јавните финансии 2018-2021

За прв пат во Република Македонија се изработува сеопфатна и конзистентна Програма за реформи во управувањето со јавните финансии. Изработката на Програмата 2018-2021 е еден чекор понатаму во подобрување на управувањето со јавните финансии што е еден од најзначајните приоритети на Владата, а воедно и услов за пристапување на земјата кон Европската унија.

Оваа Програма е подготвена врз основа на интензивна соработка на релевантните национални институции, со поддршка од Делегацијата на ЕУ и експертска помош од СИГМА, при што земени се предвид препораките од извештаи за оценка на состојбите во областа на управување со јавни финансии: PEFA, WB PFM Review, SIGMA Baseline Assessment.

Програмата за реформи во управување со јавни финансии 2018-2021 година е структуирана со цел да ги одрази клучните слабости и предизвици во областа на управување со јавни финансии, да го ​​зајакне системот на јавни финансии и да ја подобри ефикасноста и ефективноста на јавните трошења.