МФ врати 7,8 милиони евра по основ на претходно издадени државни хартии од вредност

31 август 2017, Скопје - Министерството за финансии на 30 август, по основ на доспеани државни записи издадени пред една година и државна обврзница издадена во 2012 година, отплати вкупно 482.950.000 денари или 7,8 милиони евра.

Со оглед на намалената фреквенција на аукции на државни хартии од вредност, во текот на оваа недела не беа издадени нови хартии од вредност, односно нето-долгот по основ на државни хартии од вредност е намален за 7,8 милиони евра.

Согласно Календарот за аукции, во септември се закажани две аукции на државни хартии од вредност, а сумата што треба да се отплати по основ на претходно издадени државни хартии од вредност изнесува 5,5 милијарди денари или 89,4 милиони евра.