Резултати од одржаната аукција на државни хартии од вредност

8 август 2017, Скопје - Министерството за финансии на аукцијата одржана на 8.8.2017 година издаде државни хартии од вредност во износ од 1,871 милијарда денари (30,4 милиони евра).

На 9 август, Министерството за финансии, по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност, врати 1,178 милијарди денари (19,1 милион евра).

Разликата од 687,55 милиони денари (11,18 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во Буџетот на Република Македонија.

Станува збор за 6-месечни записи во износ од 271,5 милиони денари со камата од 1,5%, 12-месечни записи од 212,5 милиони денари со камата од 1,85%, 5-годишна обврзница во износ од 405 милиони денари со камата од 2,5% и 15-годишна обврзница во износ од 982.640.000 денари со камата од 3,8%.

Аукциите се најавени во Календарот на аукции на државни хартии од вредност

Во насока на целосна транспарентност и отчетност кон граѓаните, Министерството ќе објавува соопштенија за сите аукции што ќе ги спроведе за да ја објасни нивната намена и потреба.

Извештаите од аукцијата можете да ги преземете на следните линкови:

Известување 6-месечни записи

Известување 12-месечни записи

Известување 5-годишна обврзница

Известување 15-годишна обврзница