Увид во приходите и трошоците на општините на веб страната на Министерството за финансии

17 јули 2017, Скопје - Министерството за финансии, во рамки на реформите за транспарентност и отчетност, објави нови податоци во кои јавноста претходно немаше увид. Станува збор за најнови податоци за извршување на буџетите на општините за првата половина од 2017 година.

До извештаите може да се пристапи на следниот линк Приходи и расходи на Единиците на локалната самоуправа 30.6.2017