Министерот за финансии Тевдовски на конференција на ММФ

11 јули 2017, Дубровник - Министерот за финансии д-р Драган Тевдовски учествува на конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува во Дубровник во периодот од 10 до 11 јули.

На конференцијата се присутни министрите за финансии и гувернерите на централните банки од регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа.  Главен настан е тркалезната маса  со директорката на ММФ Кристин Лагард. Клучни теми на конференцијата се: искуството од конвергенцијата на регионот; зајакнување на институциите и политичката економија и реформите.

Во рамки на престојот, министерот за финансии Тевдовски оствари средба и со извршниот директор на ММФ за регионот, Ентони де Леној.