Средба со францускиот амбасадор

23 јуни 2017, Скопје - Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, со својот економски тим оствари средба со Неговата Екселенција, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката помеѓу Франција и Македонија на економски план, поконкретно во областа на инвестициите од страна на заинтересирани француски компании, како и ангажирање во изградба на капитални објекти во сферата на енергетиката и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја и обратно.