Средба на министерот за финансии Тевдовски со амбасадорката на Швајцарија

Министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, заедно со својот економски тим, оствари средба со Нејзината екселенција, амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Сибил Сутер Тајада.

На средбата соговорниците разговараа за тековните проекти на Швајцарската амбасада во Македонија. Меѓу другото беа согласни дека со заеднички заложби треба да се зголеми соработката во делот на поддршка на малите и средните претпријатија, соработката во делот на инфраструктурни проекти, а беше истакната и потребата од зајакнување на јавната администрација.