Министерство за финансии исплати 8,6 милиони евра за субвенции за житни и градинарски култури и рурален развој

23 мај 2017, Скопје - Денеска Министерство за финансии исплати 532,7 милиони денари или 8,6 милиони евра за субвенции за земјоделците и за рурален развој - и тоа 517,9 милиони денари за субвенции и 14,8 милиони денари за рурален развој.

Субвенциите исплатени денеска се за мерките одгледување на житни култури и одгледување на градинарски култури.

Министерството за финансии и во наредните денови ќе продолжи со исплатата на субвенции.