Повик за консултации за Програма за економски реформи 2017

ПОВИК ДО ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ СТРАНИ ЗА КОНСУЛТАЦИИ ЗА НАЦРТ ПРОГРАМАТА ЗА ЕКОНОМСКИ РЕФОРМИ 2017 ГОДИНА

Ви ја претставуваме нацрт Програмата на економски реформи за 2017 година (ПЕР 2017), која Владата на Република Македонија ќе ја достави до Европската комисија до 31 јануари 2017 година, по усвојување на нејзиниот текст.

Со подготовка на ПЕР, Владата на Република Македонија од 2014 година се приклучи кон пристапот на Европската комисија за поддршка на долгорочен раст и конкурентност преку економското управување како клучен столб во процесот на проширување, со цел да се обезбеди подобро известување за националните планови за економски политики, вклучително и потребните структурни реформи.

Нацрт ПЕР 2017 е подготвена преку веќе воспоставениот национален процес на консултации централно координиран од страна на Министерството за финансии. Документот е изработен согласно „Насоките за програми за економски реформи“ издадени од Европската комисија во мај 2016 година. Во изработката е користена експертска поддршка од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Со оглед на важноста на овој документ и потребата тој да биде квалитетно изработен, се спроведува процес на широка вклученост на заинтересирани страни. Затоа ги покануваме: бизнис заедницата, универзитетите, локалните власти, социјалните партнери, граѓанскиот сектор и другите заинтересирани страни за активен придонес во процесот на изработката на документот.

Би сакале да Ве поканиме на консултативен состанок на 4 јануари 2017 година во 11 часот, во просториите на Министерството за финансии. Вашите мислења, коментари и предлози може да ги доставите најдоцна до 10 јануари 2017 година на следните е-маил адреси:

Andrija.Aleksoski@finance.gov.mk координатор на Програмата на економски реформи

Bojana.Ilievska@finance.gov.mk