Јавниот долг намален за 1,4 процентни поени

Македонија денес отплати кредит од 130 милиони евра кон финансиските институции Сити банк и Дојче банк, со што јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени. Кредитот од овие банки беше земен пред пет години, а истиот беше гарантиран од Светска банка. Средствата за оваа исплата се обезбедени од еврообврзницата што беше издадена во јули годинава. Со тоа Владата ја покажува својата посветеност за одговорно управување со јавните финансии.