Средба на министерот Миноски со германската амбасадорка во Македонија

Министерот за финансии Кирил Миноски денеска оствари средба со амбасадорката на СР Германија Кристине Алтхаузер.

На средбата беше констататирана добрата соработка меѓу двете земји и беше потпишан Протоколот за изменување на Договорот од 13 јули 2006 г. меѓу Владата на Сојузна Република Германија и Македонската влада за одбегнување на двојното оданочување во однос на даноци на доход и на имот.

Германија е најголем трговски партнер на Македонија со кој остваруваме суфицит во трговската размена.

*фотографијата е преземена од веб-страната на Германската амбасада во Македонија