ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ПРАВНО ЛИЦЕ

ЈАВЕН ПОВИК

Почитувани,

Министерството за финансии на Република Македонија, врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и со ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15, 106/15 и 53/15) и Одлукатаза давање на согласност за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад наВладата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“бр.109/16), објавува јавен повик за избор на правни лица кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, за движните ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не се користат од страна на Министерството за финансии.

Избраните правни лица на јавниот повик имаат обврска да извршат преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортираат како отпадна соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во Министерството за финансии во Скопје, подрачните одделенија за првостепена управна постапка на Управата за имотно правни работи во Скопје (Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Чаир), Битола, Берово, Валандово,Виница, Гевгелија, Гостивар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Куманово, Неготино,Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип и одморалиштето во Дојран.

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечкаДозвола за собирање и/или транспортирање на отпад, издадена од надлежен орган.

Лицe за контакт во врска со јавниот повик: Валентина Никодиноска, телефон за контакт: 3255-635,  електронска адреса: valentina.nikodinoska@finance.gov.mk.

Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како ипотребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Министерството за финансии, лоцирано на ул.,,Даме Груев’’ бр.12– Скопје или електронски, преку следниот линк http://www.finance.gov.mk/mk/node/5924 објавен на веб страната на Министерството за финансии.

Краен рок за доставување на пријавите за учество е  08.08.2016 година до 16:00 часот.

ИНСТРУКЦИЈА ПО ЈАВЕН ПОВИК