Утре Караванот Купи куќа за млади во Радовиш

5 април, 2016 - Утре (6 април) во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи презентација во Радовиш, во Општината во 17 часот.

Сите заинтересирани граѓани ќе можат да се информираат за проектите од преставници од Министерството за финансии, претставници од банките, од Катастар, како и да ја проследат презентацијата на понудата на државни плацеви во општината.