ПОВИК за пријавување за учество во обуката на внатрешни ревизори во јавниот сектор

Министерството за финансии во соработка со Центарот за развој на финансиите (Center of Excellence in Finance-CEF) и Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (Chartered Institute of Public Finance and Accountancy-CIPFA), од втората половина на септември 2015 година ќе започне со реализација на третиот циклус на Обуката на внатрешни ревизори во јавниот сектор во Република Македонија (Training of Internal Auditors in the Public  Sector - TIAPS).

Пријавените кандидати за учество во обуката треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да се вработени во единица за внатрешна ревизија во субјект од јавниот сектор на Република Македонија и
  • да имаат завршено високо образование.

Сите лица кои се заинтересирани за стекнување сертификат за овластен внатрешен ревизор во јавниот сектор, треба да ги достават следните документи до Министерството за финансии:

  • уверение за завршено високо образование,
  • копија од решението за вработување и распоредување на државниот службеник,
  • образец за пријавување на македонски (преземи) и англиски јазик (преземи) и
  • изјава за согласност на одговорното лице (преземи).

 

Документите треба да се достават најдоцна до 28.8.2015 година (петок) на следната адреса:

Министерство за финансии

ул. „Даме Груев“ бр.12

1000 Скопје

Со назнака: Обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор

Пријавените кандидати ќе бидат вклучени во програмата за квалификација, односно воведна работилница од областа на основите на сметководството и ќе полагаат испит, врз основа на кој ќе се изврши селекција на 25 кандидати.

Министерството за финансии со избраните кандидати ќе склучи Договор за обука на внатрешни ревизори во јавниот сектор.

Избраните кандидати ќе бидат дополнително известени за датумот на почеток на обуката.

Обуката се реализира преку посета на предавања. Бројот на наставни предавања за секој од трите меѓународни модули е десет, додека за националниот модул е пет.

Предавањата за секој од трите меѓународни модули ќе се одржуваат во текот на два календарски месеца, а предавањата за  националниот модул ќе се одржуваат во текот на еден календарски месец, врз основа на утврден распоред. Времетраењето на едно предавање е осум часа.

Испитите за секој од модулите ќе се одржуваат во сабота, а времето за полагање на секој испит е три часа.

 

 

Лицa за контакт:

Трајко Спасовски

E-адреса: trajko.spasovski@finance.gov.mk

 

Аритиа Мајнова

E-адреса: aritia.tutarkova@finance.gov.mk

 

Tелефони за контакт: 02/3255-337 и  02/3255-343