Соработка со Банка за развој при Советот на Европа (CEB)

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална развојна банка со социјална вокација (www.coebank.org). Основана во 1956 година, со седиште во Париз, од страна на 8 земји членки на Советот на Европа, ЦЕБ е најстарата мултилатерална финансиска институција во Европа. Денес, нејзиното членство брои 41 земја-членка, меѓу кои и Република Македонија.

Раководни органи во ЦЕБ се: Управниот одбор, Административниот совет, Гувернерот и Ревизорскиот одбор.

Република Македонија стана земја член на ЦЕБ во 1997 година и на тој начин се стекна со правото да се задолжува кај оваа финансиска институција. Дополнително, Република Македонија има назначено претставник во Административниот совет, како и во Управниот одбор на Банката, тела кои активно учествуваат во процесот на донесување одлуки. Од 1997 година до денес ЦЕБ има одобрено проекти во јавниот сектор во Република Македонија со вкупен износ од 264 милиони евра.

ЦЕБ претставува израз на финансиска солидарност меѓу европските земји. Анализата на преземените активности во текот на последните години, посочува четири главни сектори во кои дејствува Банката:

  • зајакнување на социјалната интеграција;
  • управување со животната средина;
  • поддршка на јавната инфраструктура со социјална вокација;
  • поддршка на микро, мали и средни претпријатија (МСП).

Тековни проекти финансирани од Банката за развој при Советот на Европа