Меѓународни финансиски односи, соработка со ЕУ и управување со јавен долг

Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг врши работи кои се однесуваат на соработка со меѓународни и билатерални финансиски институции, односно комуникација и координација со овие институции околу активностите потребни за подготовка и реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации, потоа подготовка и организација на сите фази од постапката на склучување на договорите за заем и договорите за гаранција, како и следење на степенот на реализација на проектите финансирани со странски заеми и донации и предлагање активности и мерки за надминување на проблемите кои се јавуваат при подготовката и имплементацијата на проектите финансирани со странски заеми и донации.

Во рамките на своите надлежности, Секторот презема и мерки и активности со цел ефикасно управување со јавниот долг на Република Македонија преку обезбедување  средства за извршување на Буџетот на државата и издавање државни гаранции на начин кој одговара на прудентното ниво на ризик, со најниски трошоци на среден и долг рок. Дополнително, Секторот презема мерки и активности за одржување ефикасен и ликвиден пазар на државни хартии од вредност.

Исто така, Секторот врши координација на активностите на Министерството за финансии поврзани со усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на ЕУ и го координира исполнувањето на обврските кои произлегуваат од НПАА и другите стратешки документи за европска интеграција.

Клучни контакти:

Раководител на сектор
Дејан Николовски
телефон: ++389 2 3255 411,
е-пошта: dejan.nikolovski@finance.gov.mk

Помошници раководители на секторот од областа на меѓународните финансиски односи и Европска Унија

Андрија Алексоски
телефон: ++389 2 3255 412,
е-пошта: andrija.aleksoski@finance.gov.mk

Кристина Павловска
телефон: ++389 2 3255 413,
е-пошта: kristina.pavlovska@finance.gov.mk