Ставрески: Капиталните инвестиции ќе донесат нови вработувања

 
00:00

За првпат во Македонија Владата донесе предлог за развоен буџет, што значи многу повеќе капитални инвестиции.

За тоа какво влијание ќе имаат овие инвестиции врз македонската економија и за некои други прашања екипата на Курир побара одговор од Министерот за финансии Зоран Ставрески.

На прашaњето кога ќе биде донесена одлуката за тоа дали да се земат понудените средства од Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка и кои се аргументите за и против прифаќането на овие кредити, Ставрески одговори дека Македонија за првпат добива таква добра понуда од овие меѓународни финасиски институции, со оглед на висината на средствата кои се даваат и условите по кои се даваат. Мисија на Меѓународниот монетарен фонд веќе во четврток ќе допатува во двонеделна мисија во нашата земја при што ќе бидат разгледани сите поединости за нивната понуда. Но откако Фич го подобрил кредитниот рејтинг, како алтернатива за фиинасирање на буџетскиот дефицит останува и емитувањето на евробврзница. Ставрески говореше и за посетата на компаниите од страна на владините групи, конкретно за групата која тој ја раководеше, за посета на компани што имаат нерешени имотно правни односи. Откако ќе биле завршени посетите тие ќе ја известеле Владата за проблемите на овие компании. Но и во рамките на самаите посети биле решени оние проблеми кои од државните институции можеле да бидат решени веднаш. Во однос на другите проблеми на кои се жалат македонските компании, Министерот укажа дека тоа се најчесто скапите кредити. Според него со договорот за поволна кредитна линија со Европската Инвестициска банка, било овозможено пласирање на поволни кредити. Тогаш кога овие средства ќе бидат искористени во целост од Владта предвидуваат потпишување на нов договор со банката. Овие кредити освен за малите и средни препријатија веќе се достапни и за големите претпријатија. Што се однесува до сегашната состојаба со буџетот, таа е повеќе од добра, приходите се натфрлени веќе три месеци по ред што е доказ дека македонската економија се стабилизира. - Со ова паѓаат во вода сите изнесени обвинувања дека државата во најскоро време ќе доживее банкрот, изјави Ставрески. Владата за првпат во нашата земја донесе предлог буџет кој е инвестициски и развоен. Донесувањето на овој буџет, беше веднаш поздравен од страна на стопанствениците кои побараа и конкретна програма и временски рокови за остварување на зацртаните проекти. - Апсолутно постои, програма според која ќе се спроведуваат сите зацртани проекти доколку не би постоела не би ни проектирале ваков буџет, истакна Ставрески. Тој за идната година најви низа проекти, како изградбата на електраната Бошков мост, поврзување со далноводот во Ниш, но она што е најважно целосно завршување на коридорот десет, нешто што е од суштинско значење за македонската економија. Овие капитални инвестици, според Ставрески ќе имаат позитивни ефекти како долгорочно така и краткорочно. Со инвестирањето во нови проекти и со нивно завршување ќе биде подобрена бизнис климата, но тоа значи и поголема активност на градежната индустрија која пак по автомтизам е поврзана со уште дваесет други индустриски гранки. Ваквата зголемена индустриска активност веќе идната година ќе донесе нови вработувања.