Обраќање на ЗПВРМ Зоран Ставрески по повод Светскиот ден на штедењето,31.10.2010

Штедењето е клучен столб во стабилноста на финансискиот систем. Во моментов, скоро 140 милијарди денари лежат на штедните сметки на граѓаните во банките и околу 60 милијарди денари на сметките на компаниите. Значи, зборуваме за капитал од 3,25 милијарди евра, кој циркулира во стопанството и се оплодува. Значењето на домашното штедење е денес уште поголемо отколку во периодот отколку во периодот пред светската економска криза, од причина што капиталот во светот станува се помалку достапен и поскап. Затоа, банките во РМ и сите ние можеме да бидеме задоволни - и за време на кризата успеаа да ја задржат довербата на граѓаните и фирмите.

Пред кризата, во текот на 2007 и 2008 година депозитите на приватниот сектор кај банките и штедилниците регистрираа високи стапки на раст. Просечниот годишен раст во 2008 изнесуваше близу 24%.

Особено голем придонес во ова имаа денарските депозити со просечен годишен раст од 29,4%. Почнувајќи од крајот на 2008 година, како резултат на појавата на глобалната економска и финансиска криза, се зголеми неизвесноста и растот на стапките на депозитите започна да забавува. Исто така, во овој период можеше да се забележи процес на конверзија на денарските во девизни депозити, кој траеше кратко. На почетокот од последниот квартал од 2009, овој тренд беше стопиран и започна обратен тренд на зголемување на штедењето и депозитниот потенцијал.

Во текот на 2010 година, евидентен е континуираниот пораст на штедењето и зголемување на депозитите кај банките по сите основи. Според последните расположиви податоци во септември 2010 година вкупните депозити бележат годишен раст од 14,5%. Како резултат на довербата во денарот и високите и атрактивни каматни стапки, денарските депозити се зголемија за дури 21%. Притоа, депозитите на домаќинствата остварија годишен раст од 18%.

Банките го поттикнаа овој тренд преку нудење на сигурност, стабилност, квалитетни услуги и поволни каматни стапки за населението и фирмите, посебно за денарските заштеди. Владата со своите политики и мерки во изминатиов приод исто така влијаеше во насока на зголемување на штедењето и поддршка на стабилноста на банкарскиот сектор: прво, преку задржување ба високиот степен на макроекономска и фискална стабилност; второ, преку зголемување на износот на осигурените депозити од 10.000 – 20.000 евра на 30.000 евра по депозит на едно физичко лице во една банка. Искуството покажува дека со зголемување на осигурената сума напоредно растат и депозитите на граѓаните. Имено, со зголемувањето на осигурената сума на штедните влогови од 7.500 евра на 20.000 евра од јули 2002 година, континуираниот пад на штедењето забележан по конверзијата на германската марка за евро, се претвори во пораст. Поучени од тоа искуство се определивме повторно да дадеме сигал дека банкарскиот сектор е стабилен и дека граѓаните можат слободно да ги вложат своите пари – на тој начин оплодувајќи ги заштедите и истовремено обезбедувајќи свеж капитал за стопанството; трето, во функција на продолжување на позитивниот тренд на пораст на штедењето, Владата подготви законска одредба со која се одложува одначувањето на каматата на штедните влоговите, односно наместо од 2011 година, истото ќе стапи на сила од 2013 година.

Ова беше главно резултат на намалување на растот, а во одредени месеци и - пад на денарските депозити. Исто така, во овој период можеше да се забележи процес на конверзија на денарските во девизни депозити, како резултат на одредени притисоци во јавноста за промена на девизниот курс на денарот. Евидентен беше трендот на намалување на растот и пад на денарските депозити од една страна и интензивирање на растот на девизните депозити од друга.

Од секторски аспект, депозитите на домаќинствата беа релативно стабилни, иако и кај нив се забележа умерено забавување на раст од крајот на 2008 година до почетокот на четвртиот квартал 2009 година. Истото се должи на високото ниво на доверба во банкарскиот систем, како и релативно стабилниот пазар на труд во земјата. Од друга страна, депозитите на приватните претпријатија од последниот квартал во 2008 година започнаа нагло да се намалуваат и во текот на целата 2009 година беа во негативната зона.

Сепак, од почетокот на четвртиот квартал во 2009 година, паралелно со зголемувањето на довербата во економските политики и стабилноста на девизниот курс на денарот, овој тренд беше стопиран. Така, во декември 2009 година вкупните депозити бележат раст од 7,1%. (Растот на депозитите особено беше интензивиран од март 2010 година кога денарските депозити излегоа од негативната зона.) Според последните расположливи податоци во септември 2010 година вкупните депозити бележат годишен раст од 14,5%, додека денарските депозити регистрираат раст од дури 21% во септември 2010 година. Во последните 6 месеци забележан е раст на депозитите на приватните претпријатија од 6,8%. Кога станува збор за граѓанскиот сектор, годишниот раст на депозити е високи 18%.

Во насока на зголемување на штедењето кај граѓаните е и владиниот предлог Закон за Фондот за осигурување на депозитите. Со предложените измени се предвидува зголемување на износот на осигурените депозити од 20.000 евра на 30.000 евра и се напушта концептот на две нивоа на обесштетување. Минатото искуство покажува дека со зголемување на осигурената сума напоредно растат и депозите на граѓаните. Имено, со зголемувањето на осигурената сума на штедните влогови од 7.500 евра на 20.000 евра од јули 2002 година, континуираиот пад на штедењето забележен по конверзијата на германската марка за евро, се претвори во пораст. Почучени од тоа искуство се определивме повторно да дадеме сигнал дека банкарскиот сектор е стабилен и дека граѓаните можат слободно да ги вложат своите пари – на тој начин оплодувајќи ги заштедите и истовремено обезбедувајќи свеж капитал за стопанството.Повторно - за да се поттикне штедењето, Владата подготви законска одредба со која се одложува оданочувањето на каматата на штедните влогови, односно наместо од 2011 година, истото ќе стапи на сила од 2013 година.

Во интерес на зголемување на довербата кај секторот мали претпријатија, кои на пазарот на капитал во Европската Унија се третираат како неинформирани субјекти, со измени на Законот за осигурување на депозити, во иднина ќе се гарантираат и нивните штедни влогови.

Наспроти големите потреси во изминативе две години на светскиот финансиски пазар, банкарскиот сектор во Македонија остана стабилен. Нивото на депозитниот потенцијал на банките во август 2010 е за 14,5% повисоко од нивото од август 2009 година. Тоа покажува дека довербата на граѓаните и фирмите е голема и дека македонските граѓани имаат навика да штедат.

Но исто така покажува дека постои простор за зголемување на кредитната активност на банките. Домашното штедење е секако најзначајниот и најквалитетен извор на средства за кредитирање на инвестициите и потрошувачката,а со тоа и на развојот на економијата. Владата во текот на 2011 година повторно ќе помогне во овој дел преку изразената ориентација кон странски извори на средства за финансирање на буџетот, со цел домашните средства да останат во функција на развој на македонската економија преку нивно пласирање во форма на кредити за стопанството и граѓаните. Верувам и дека банките ќе најдат свој интерес на профитабилна основа, со финансирање на добри проекти на фирмите и повеќе потрошувачки кредити за населението, да го поддржат заздравувањето на македонската економија во следниот период.

Во очекување дека овие позитивни тенденции ќе продолжат и ќе се зајакнуваат во текот на 2011 година, на сите Вам и на сите вработени во банкарскиот сектор во Република Македонија Ви го честитам денот на штедењето, 31.10.

Ви благодарам.