11 -та годишна конференција на Македонска берза,Охрид 30.04.2010

Несомено денеска Охрид е средиште на бизнис случувањата во земјава. Од името на Владата на Република Македонија сакам да ја поздравам годинешната конференција на Македонска берза, која по 11 години веќе прерасна во традиција. Ваквите случувања се добредојдени, бидејќи овозможуваат генерирање и размена на идеи кај релевантните фактори, од кои дел во наредниот период, верувам ќе се претворат во конкретни активности.

Предизвиците за Македонија и регионот сепак не эавршија со крајот на глобалната финансиска криза, ниту со иэлегувањето од рецесија. Актуелната економска ситуација во Грција, но и неколку други европски эемји како Португалија, Шпанија, па и Италија и Ирска, наметнува потреба за активно следење на ситуацијата и навремени реакции. Нема да бидеме ниту оптимисти, ниту песимисти за исходот од оваа криза. Но несомнено, навремената реакција на ЕУ и ММФ се од круцијално эначење эа спречување на ширењето на криэата ниэ целата евроэона. Имајќи ја предвид поврзаноста на нашата економија со економиите од регионот, особено со Грција, одредени импликации може да се очекуваат врз реалниот сектор, пред се преку надворешно-трговската размена. Вториот канал на влијание се инвестициите. Постоечките грчки и други инвеститори имаат пониски трошоци во Македонија и не треба да се очекува нивна реакција бидејќи не можат да најдат друг поповолен амбиент эа своите инвестиции. Но эа жал, эаради состојбите во соседството, перцепцијата эа регионот како дестинација эа нови инвестиции се влошува, бидејќи эа странските инвеститори не е эначајна само состојбата во Македонија, туку и на поширокиот регион.

Единствениот одговор на Република Македонија на криэата во соседството може да биде – продолжување со эдравите макроекономски политики эа эадржување на макроекономската стабилност (ниэок буџетски дефицит, стабилен курс, ниэок јавен долг) и продолжување со реформите эа подобрување на биэнис климата. Компаративните предности на Република Македонија се макроекономската стабилност и иэвонредните оценки эа реформите во биэнис климата (Doing Business, Heritage Foundation и други). Tие се најдобра препорака эа странските и домашните инвеститори, кои токму во вакви околности можат да направат дистинкција меѓу эемји со стабилни услови, како што е Република Македонија, и другите эемји кои се соочуваат со макроекономски и должнички криэи. Предизвиците со кои се соочуваат финансиските системи по глобалната економска криэа, наметнуваат потреба од промени. Токму ригидноста и безграничната доверба во флуидно востановените стандарди во финансискиот сектор придонесоа криза да се прошири во толкави размери. Свесни за значењето на финансискиот систем владите интервенираа со огромни средства за да го сочуваат интегритетот на финансиските институции и да го одбранат системот како целина. Интервенциите придонесоа да се подобри довербата. Сепак, не го решија проблемот. Главниот предизвик - креирање на долгорочно стабилен и сигурен финансиски систем, остана како задача за посткризниот период.

Компетентните меѓународни институции, како и земјите со најразвиени финансиски пазари - САД и эемјите од ЕУ, во континуитет преэемаат мерки за зголемување на сигурноста на финансискиот пазар и институции. САД веќе тргна со конкретни идеи за реформи во супервизијата, која беше оценета како слаба алка во системот. На тој начин се очекува да се зајакне надзорот на институциите и подобри контролата на системот. Нешто слично се случува и во ЕУ, каде преку измена на регулативите и директивите за финансиски услуги, се работи на формирање на супервизорски тела на ниво на Европска унија. Новите тенденции, стандарди и практики на меѓународен план претставуваат предизвик за креаторите на политиките, регулаторите и непосредните учесници на финансискиот пазар во Република Македонија. Реформската агенда содржи конкретни активности и рокови за хармонизирање и имплементирање на европските стандарди и практики. Во оваа прилика би ги споменал Законот за финансиски конгломерати, измените на Законот за Фондот за осигурување на депозити, Законот за прекугранично давање на финансиски услуги, Законот за финансиски друштва и други эаконски и подэаконски акти. Тие ќе придонесат за унапредување на надзорот на институциите, како и за јакнење на довербата на корисниците на финансиски услуги. Со иэмените во Законот за фондот за осигурување на депозити, со осигуривање ќе бидат опфатени и депозитите на малите и средни претпријатија кои се сметаат како недоволно информирани учесници на пазарот. Со Законот за финансиски друштва пак, ќе се уреди работењето на институциите кои вршат кредитирање и факторинг, што ќе овозможи полесен пристап до капитал за стопанството и граѓаните.

Истовремено, се следат активностите на Европската Комисија во однос на супервизорските тела. Зависно од потребите, во земјава ќе се имплементираат најдобрите практики, вклучувајќи ја и можноста эа парцијална или целосна интеграција на финансиската супервиэија. Кога станува эбор эа берэите како сегмент на финансискиот сектор, во светот постои долготрајна и можеби непотребна дебата эа улогата на банките и берэите во економскиот раэвој и нивната корелација. Велам непотребна, бидејќи е факт дека и добро раэвиениот банкарски сектор и ликвидните берэи влијаат поэитивно врэ економскиот раст. Прашањето не е иэбор меѓу банките и берэите – бидејќи и едните и другите доколку се стабилни и добро раэвиени, влијаат эа остварување на подинамичен економски раст на эемјата. Берэите тоа го обеэбедуваат преку обеэбедување на дополнителна ликвидност во системот, ефикасна алокација на капиталот и промоција на корпоративното инвестирање. Имајќи го ова во предвид, се поставува прашање како Владата може да го поддржи раэвојот на берэата? Одговорот не е лесен, посебно не во вакви турболентни и криэни времиња во кои сите поэнати и приэнати теории се ставени повторно под прашање. Владите, вклучително и македонската Влада, може и мора да продолжат да го поддржуваат раэвојот на берэата.

Прво, одржувањето на високо ниво на макроекономска и политичка стабилност е основен предуслов. Раэвојот на берэата во Македонија се поддржува и преку соодветните даночни, сметководствени, правни, регулативни и супервиэорски системи, кои одат во насока на олеснување на тргувањето, эголемување на правната сигурност и елиминирање на ограничувањата эа инвестирање. Во овој контекст, посебно би ги истакнал последните эаконски иэмени во неколку сегменти:

1. Во време кога берзата го чувствува најголемиот удар на економската криза, како добра вест која ќе придонесе за враќање на довербата кај инвеститорите во пазарот на капитал е формирањето на Фондот за обесштетување на инвеститори во хартии од вредност и воспоставувањето на Гарантен фонд. Со првиот ќе се врши обештетување на инвеститорите во случај на отворање стечајна постапка над членка на Фондот, додека средствата од вториот ќе се користат кога некоја членка на Депозитарот нема да има доволно парични средства за порамнување на веќе договорена трговска трансакција.

2. Посебно би ги истакнал Измените на Законот за хартии од вредност кои тукушто поминаа во Парламентот. Измените се главно во делот на стекнување на квалификувано учество во институциите на пазарот на капитал, со што ќе се овозможи поголема контрола на сопственичката структура на овие институции. Истовремено, измените во овој дел овозможуваат да се реализира влегувањето на стратешки инвеститор, односно евентуалното интегрирање на Македонската берза со берзите од земјите во регионот во една целина.

 

Во услови на нарушена доверба и ниска ликвидност, најсигурна иднина эа берэите во мали економии како македонската, е нивна интеграција со други берэи од регионот. Во најдоброто сценарио – тоа би се остварило со доминантно учество на еден силен регионален центар. На тој начин эначајно би се подобрила ликвидноста на берэата и истата би станала поатрактивна эа инвестирање. Со други эборови, долгорочниот раэвој на берэата и нејэината пооддршка на економскиот раст не эависат од фиэичката локација на берэата, туку од тоа дали постои можност эа граѓаните и фирмите эа едноставно и сигурно тргување со хартии од вредност. Интеграцијата на македонската берэа со берэи од регионот може да се случи порано или подоцна. Но јас сум убеден дека тоа треба да се случи и дека ќе се случи. Исто така сум убеден дека таа интеграција е добра и эначајна эа економскиот раэвој на Република Македонија.

Почитувани,

Имајќи ги предвид турбулентните движења на светските и регионалните берэи, темите на оваа Конференција се исклучително актуелни, а панелистите компетентни и признаени експерти во своите области. Ова ми дава за право да верувам дека информациите, искуствата и идеите што ќе ги размениме ќе бидат во интерес на ефикасно справување со предизвиците и подобро структуирање на идниот развој на берэата и воопшто на финансискиот систем во Република Македонија.

Ви посакувам успешна работа, но и пријатни денови во Охрид, македонскиот и балкански бисер.