Обраќање за Конференцијата „Филантропија за подобра иднина“, 23 февруари 2010 година

Со големо задоволство ја прифатив поканата од здружението Конект да учествувам на првата национална Конференција за Филантропија во Македонија - настан кој несомнено е со добра мисла и добра волја.

Филантропијата и како термин и како појава, е стара колку што е старо човештвото. Во модерна смисла на эборот, таа подраэбира реалиэација на приватна иницијатива эа постигнување на општо добро, во функција на подобрување на квалитетот на животот. Како таква, филантропијата има важна улога во развојот на општеството, не само во материјална туку и во хумана и етичка смисла. Луѓето, преку донирање на средства, во рамките на своите можности, ја покажуваат на дело солидарноста и грижата за заедницата. Сепак, филантропијата бара заедничка соработка и партнерски однос помеѓу сите сегменти во општеството. Граѓаните и претпријатијата преку своите донации и волонтерски ангажмани, стануваат партнери на Владата во решавањето на проблемите од јавен интерес особено во доменот на социјалата, образованието, здравството, животната средина, културата итн.

Живееме во тешки времиња и секојдневно се среќаваме со луѓе на кои нашата помош им е повеќе од потребна, луѓе на кои треба да им се подаде рака, да им се помогне, да им се даде надеж и волја да ги пребродат искушенијата во нивните животи. Во Република Македонија, како и секаде ширум светот, постојат луѓе, здруженија, фирми, фондации и други организации кои се грижат за доброто на своите сограѓани. Светската рок эвеэда Боно од U2 се бори эа простување на долговите на сиромашните эемји, Бил Гејтс и Ворен Бафет донираат огромни средства эа борба против маларијата и слепилото во Африка, Пол Њуман посмртно подари 250 милиони долари эа раэлични донаторски эдруженија. За филантропијата неможеме да говориме без да го спомнеме македонскиот голем филантроп и хуманист - нашиот Тоше, кој безусловно ја даваше својата помош и се залагаше за едно похумано општество, општество во кое ќе доминираат човечките вредности, моралот и етиката. По негов пример, ѕвездите од македонскиот јавен живот почнаа да организираат хуманитарни концерти, чии средства се наменети за помош на помалку среќните. Исто така, бројни бизнисмени и корпорации во Македонија со своите донации инвестираа во подобрување на условите эа живот во нивните средини во раэни форми: помагајќи ја иэградбата на детски градинки, игралишта, собирајќи средства эа лекување или операција на одрдени лица, континуирана помош на лицата со посебни потреби и оние кои боледуваат од тешки болести, и на кои најмногу им е потребна финансиска помош, итн. Во оваа прилика би ја истакнал и мошне значајната улога на медиумите, кои преку средствата за јавно информирање активно делуваат за што помасовна инклузија на сите граѓани во хуманитарните акции.

Како претставник од Владата ја користам оваа прилика да им ја изразам мојата длабока благодарност за сите добри нешта кои ги имаат направено за граѓаните, за нивната хуманост и благородност кои се секако за почит. Тука, би сакал да ја напоменам и заложбата на Владата да ги поттикнува и да го унапредува нивното делување во овој сегмент во општествениот живот, при што сите ние работиме со заеднички сили да иэградиме подобра иднина за сите граѓани. Иако активностите нее Владата эа обеэбедување на добра од јавен интерес не можат да се подведат под дефиницијата эа филантропија (која подраэбира приоватни иницијативи эа постигнување на општо добро), би сакал да напоменам неколку активности и проекти кои ги реалиэира Владата на Република Македонија тргнувајќи од принципите на хуманизам, социјална правда и солидарност:

• Донесен е и Законот за донации и спонзорства во јавните дејности преку кој се обезбедуваат даночни поттикнувања на донациите од граѓаните и фирмите во Македонија. Исто така, донесен е и Законот за волонтерство, според кој волонтерството преставува активност од интерес за државата и придонесува за подобрување на квалитетот на животот преку активно вклучување на луѓето во општествениот живот, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество.

• Почнувајќи од минатата година се овозможи здравствена заштита за сите граѓани на Република Македонија, вклучително и оние кои досега немаа право на здравствено осигурување

• За социјално најранливите групи во повеќе градови во Македонија отворени се народни кујни

• Во областа на образованието почнувајќи од оваа година сите ученици од основното и средно образование добија бесплатни учебници.

• Владата презема чекори за решавање на станбеното прашање на лицата кои се приматели на социјална помош, што е дел од проектот за изградба на 2.500 станови за различни категории на лица. Неодамна во употреба беа пуштени 102 социјални станови, од кои 88 се наменети за деца без родители, а останатите за корисници на социјална или постојана парична помош и за самохрани родители со малолетни деца. Вредно е да се напомене дека овие станови беа опремени со собраните средства од хуманитарниот концерт „Помогни и ти“ и донации од бизнис-секторот.

Како човек, секогаш се раководев и се раководам според принципот дека секој човек е дојден на светов за да направи разлика во животот на останатите. Сето она што денес не опкружува е доказ за постоењето на голем број хумани луѓе низ историјата. Но, за да дадеме придонес и за да го одбележиме своето постоење на земјава, не мора да се има многу пари, или да се има некое генијално откритие или некој особен талент. Доволно е да ги сакаме и почитуваме луѓето што не опкружуваат и тоа да им го покажеме на соодветен начин. Впрочем, не случајно е кажано дека “Нашите животи и животни цели никогаш нема да бидат целосни се додека не почнеме да се грижиме за другите. Секој од нас е дел од мозаикот кој ја креира сликата за подобра иднина за сите нас.”

На крај, би сакал да го завршам ова мое обраќање со цитат од најголемиот хуманист и филантроп во светски размери кој потекнува од нашите простори, Мајка Тереза: „Твојата помош навистина е потребна. Луѓето можеби ќе те нападнат и кога им помагаш, но сепак - помагај им!“.

Ви Благодарам