Интервју за "Wirtschaftsblatt", 04.10.2007

"Македонија ќе стане извозник на струја"

WirtschaftsBlatt: Македонија, како и Хрватска е земја кандидат за влез во Европската унија. Но, и покрај тоа, за разлика од Хрватска, со Македонија се уште не се отпочнати преговори за нејзин влез во ЕУ. Претставува ли ова кочница за интересот на инвеститорите?
Зоран Ставрески: Досега нема ниту една земја, која била кандидат за влез во ЕУ и потоа не станала нејзина членка. Значи, насоката е јасна. Прашањето не е дали, туку кога Македонија ќе стане член на ЕУ.

WirtschaftsBlatt: Кога би се случило тоа според Ваше мислење?
Уверен сум дека датумот за преговорите ќе го добиеме следната година.

WirtschaftsBlatt: Македонија има проблеми со снабдувањето со енергија. Морате да увезувате голема количина на струја, а и мрежната инфраструктура е лоша. Како ќе го подобрите ова?
Снабдувањето со енергија во Македонија е многу подобро отколку во другите земји. Ние располагаме со инвестициски пакет во обем од 1,5 милијарди евра и затоа бараме инвеститори за хидроцентрали, гасни електрани и топлани. Тоа за четири до пет години ќе ја направи Македонија земја извозник на енергија .

WirtschaftsBlatt: Продажбата на ТЕЦ Неготино на канадско-бугарскиот „Хач & Мек Доналд„ остава простор за претпоставка, дека македонската влада повеќе се грижи за брза заработка, а помалку за сигурноста на снабдувањето. Понудата на Хач беше очигледно повисока од онаа на австриски ЕВН, но тој понуди повисоки инвестициони планови ...
Сметам дека треба да постои баланс помеѓу цената и инвестиционите планови Конзорциумот „Хач„ го исполнува овој баланс.

 

WirtschaftsBlatt: Кои приватизации се планираат за следниве месеци?
Ќе се доделат концесии за аеродромите во Скопје и Охрид, за комбинирана гасна термоцентрала, концесија за Коридорот 8, приватизација на големи хемиски и индустриски претпријатија, како и продажба на недвижен имот, пред сé за хотели и стамбени згради во Скопје и Охрид.

 

WirtschaftsBlatt: Европската унија ги критикува слабостите во институциите, бизнисмените се жалат на лошата координираност помеѓу министерствата...
Зајакнувањето на институциите е голем предизвик. Ние се обидуваме да ја подобриме координацијата и верувам успеавме во тоа.

 

WirtschaftsBlatt: Од 2005 во 2006 странските инвестиции пораснаа за повеќе од три пати- на 350 милиони долари. Што очекувате во иднина?
Благодарение на реформите, влезот во НАТО и терминот за преговори со Европската унија, 2008 ќе биде најдобра година досега.„